Милошоски: Целта на СЈО/СДСМ е пред Велигден насилнички избор за претседател на Собранието

Целта на СЈО/СДСМ за „новата реформска влада“ е пред Велигден, неделовнички/насилен избор на претседател на Собранието, а до јуни да се покренат уште дваесетина неосновани обвиненија против истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ги разобличуваат штетните политики на Заев, напиша на Фејсбук Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

До крајот на годината да има референдум за името по грчки терк и под прогон и приведувања од СЈО-МВР-СДСМ ќе бидат и политичари и медиуми/новинари кои имаат потенцијал да се спротивстават на тој план. Новиот претседател на Собранието ќе има задача да оневозможи референдум или да го штелува референдумското прашање.

До крајот на годината треба да помине Законот за двојазичност на цела Македонија и редефинирањето на државата според платформата од Тирана и предмет на прогон и подолг притвор ќе бидат предводниците кои ќе се обидат да го попречат планот; притисокот ќе вклучува и објава на монтирани приватни снимки за деградација и оцрнување на личностите. “Двојазична” Македонија нема да има основа да бара опстојување на македонски/Macedonian за јазикот и идентитетот во решавањето на спорот со Грција.

До крајот на годината ќе треба Заев и СЈО да најдат „независни судии” кои ќе потпишат ослободителни пресуди за обвинетите во „Монструм” и „Диво Насеље”, а за возврат Заев да биде ослободен од вина во предметот „Поткуп”, образложи Милошоски.