Одбележана 115 годишнината од смртта на Методи Патче

По повод одбележувањето на 115-годишнината од смртта на војводата Методи Патче, денеска на неговото спомен обележје во градскиот парк, делегации на Општина Охрид, основното музичко училиште кое го носи неговото име и политички партии положија свежо цвеќе.На почетокот на церемонијата групата „Билјана- Јуниор“ ја изведе песната „Јас Методи Патче од Охридa “.

Војводата Методи Патче, животот го загубил на 7 април 1902 година во Кадино Село во близина на Прилеп. По опколувањето од турскиот аскер и долгата борба на комитите не им преостанало ништо друго освен да се предадат или да умрат. На повикот од аскерот да се предадат одговориле дека македонски борци не се предаваат. Со песна, после 24-часовна борба, Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.