Средношколците од „Ванчо Питошески“ дел од 29от Меѓународен саем на книгата

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ беа во посета на 29 Меѓународен Саем на книгата и Денови на образование и кариера во Скопје, заедно со професорите по македонски јазик и литература Перчо Божиновски и Мирјана Зафировска.

„Целта на посетата покрај афирмација на културната манифестација, беше оваа прекрасна пригода да биде запознавање на вљубените во книгите со насловите и можност за одберат меѓу понудата од светски бестселери, дела од македонски автори и многу останати книги, а со тоа формирање читателска култура. Посебен интерес за учениците од IV година беа презентациите на националните и меѓународни образовни установи за нивната професионална ориентација, како и туристичките агенции и компании.“– велат од училиштето.

За учениците беше организиран и културно-историски разглед низ центарот на Скопје. Учениците од настанот се вратија со убави впечатоци и возбуда околу насловите кои ги избраа за својата домашна библиотека.