Членката на Извршниот одбор на СДММ, Рената Јајоска е избрана за потпретседателка на Младите Европски Социјалисти (Young European Socialists), на 17-от Конгрес на организацијата, оддржан во Дуизбург, Германија.
Младите Европски Социјалисти е една од најголемите и највлијателни младински организации во Европа. Претставува младинска организација која ги обединува социјалистичките и социјалдемократските подмладоци од Европа.
Ова е прв пат претставник од Македонија да е избран на оваа позиција.
Во своето обраќање пред делагатите, Јајоска ги потенцираше клучните заложби за работа во претстојниот период: “Да бидеме обединети околу проблемите и заедно да ги решаваме. Младите заминуваат од својата земја како резултат на лошиот образовен систем и економската ситуација. Обединети околу мултикултурализмот и обезбедување на економски просперитет за сите. Да градиме мостови на пријателства и нови искуства, затоа што заедно сме посилни, ние сме промената – за подобра Европа”, заврши Јајоска.
Социјалдемократската младина на Македонија со уште поголем интензитет продолжува со меѓународната соработка. Нашата цел е позитивните решенија и искуства од Европа да ги примениме и во Република Македонија, во обезбедување на подобар живот за младите во својата земја.