Тодоров: СДСМ има две опции-малцинска влада или нови избори

Тоа зависи во голема мера и од СДСМ, се сеќавате дека ние како партија му понудивме на СДСМ доколку се откажат од тиранската платформа ние да ги понудиме нашите 51 пратеник кои што би ја поддржале владата на СДСМ, но не само вербално да се откажат, туку и од нејзиното спроведување, истакна во ТВ 24 Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е едното решение и тоа може да биде веднаш, второ решение кои исто така може да биде веднаш СДСМ да се согласи да се распишат нови предвремени парламентарни избори на кои што СДСМ пред граѓаните ќе објаснат зошто е потребно оваа Тиранска платформа да биде имплементирана во Република Македонија и прифатена од нивна страна. Доколку добијат поддршка од мнозинството граѓани во тој случај ќе можат да ја имплементираат. Тие имаат два одлични предлога, едниот да формираат влада веднаш и да ја формира владата СДСМ, освен безусловно првиот услов да се откажат од Тиранската платформа, вториот е да имаме нови избори“, вели Тодоров.

Тодоров на прашањето дали се сеќава на 24 декември 2012 кога СДСМ тактички го блокираше носењето на буџетот рече:

„Тоа беше една тактика на СДСМ сега гледаме една друга реалност во Македонија, едно е да се блокира собранието за внатрешно прашање, а друго е да се блокира за Тиранска платформа која што е донесена и заверена од странска држава и странски премиер и има за цел комплетно да ја редефинира Република Македонија и претставува класична измама на граѓаните на изборите и станува збор за постизборна платформа. И постои огромна суштинска разлика помеѓу внатрешно несогласување и препукување на партиите кои што имаат различни ставови по некое политичко прашање и обид за насилно и однадвор редефинирање на Република Македонија“, истакна Тодоров.