Известување за полагање испит за уверенија за рибочувар и за вршење на стопански риболов

Се известуваат сите заинтересирани кандидати дека на 9-ти мај 2017 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул. Христо Смирненски, бр.30 ламела 1, Скопје, ќе се одржи полагање на испит за добивање на уверение за рибочувар (теоретски дел) и за полагање на испит за добивање на уверение вршење стопански риболов (практичен дел).

Испитот за добивање на уверение за рибочувар (теоретски дел) ќе започне во 10:00 часот, а испитот за добивање на уверение вршење за стопански риболов (практичен дел) ќе започне во 12:00 часот.

Кандидатите кои ќе го положат теоретскиот дел од испитот за добивање на уверение за рибочувар, практичниот дел од испитот ќе може да го полагаат на 8-ми јуни. И тој испит (практичниот дел) ќе се одржи во просториите на Испитниот Центар на ул. Христо Смирненски, бр. 30 ламела 1, Скопје, со почеток во 08:00 часот.

Заинтересираните кандидати за полагање на испитот за добивање на уверение за рибочувар треба да се државјани на Република Македонија и да се полнолетни.

Барањето за полагање на испитот за добивање на уверение за рибочувар се поднесува до архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до 25.04.2017 година (вторник). Кон барањето за полагање на испитот се приложуваат потребните докази за докажување на исполнување на условите и тоа:

– уверение за државјанство;

– фотокопија од лична карта и

– уплатница за уплатени средства како надомест за трошоци за полагање на испитот.a