Одбележан 14ти април – Денот на Царинската управа

Царинската управа на Република Македонија одбележува 25 години од своето постоење како самостоен државен орган. По тој повод, денес (12.04.2017 година) во амфитеатарот на Царинската управа се одржа традиционалната свечена церемонијана којаОд почетоците при осамостојувањето на 14 април 1992 година, низ текот на годините Царинската управа прерасна во современа царинска администрација. присуствуваа високи претставници на државата, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, претставници на науката и бизнис заедницата, колегиумот на Царинската управа и други соработници и пријатели на Царинската управа.

Свеченоста ја отвори министерот за финансии на Република Македонија г-н Кирил Миноски кој им го честиташе јубилејот на царинските службеници, при тоа истакна дека со текот на годините, покрај промените и предизвиците кои се случуваа во општеството и економијата, Царинската управа успеа да се развие во една модерна и ефикасна институција.

Директорот на Царинската управа г-ѓа Наташа Радеска-Крстевска, во своето обраќање се осврна на успешната работа на Царинската управа во 2016 година и истакна дека постигнатите резултати се видливи и мерливи, а како најзначајни ги потенцираше задржувањето на високото 27 место на Република Македонија кај индикаторот Услови за прекугранично тргување помеѓу 190 земји во светот во најновиот Извештај Doing Business. Во 2016 година значителен успех беше постигнат и при наплата на давачките во надлежност на Царинската управа, имено во 2016 година вкупно беа остварени приходи во износ од 72,9 милијарди денари, што е за 8,5%, повеќе од остварените приходи во 2015, а за 5,5%, повеќе во однос на планираните приходи за 2016 година. Исто така, успешно реализирани беа два твининг проекти и тоа: „Проектот „Хармонизација на законодавството и постапките со законодавството и добрата практика на ЕУ во областа на акцизите“ (ИПА 2010) и Проектот „Завршување на постапката за пристапување кон Конвенцијата за Заеднички транзитни постапки и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата со стока“ (ИПА 2010).

За време на свеченоста презентирано беше и унапредувањето на системот за селективни контроли, што резултираше со намалување на бројот на физички и документарни прегледи, a процентот на пратки процесирани преку зелениот канал (слободно преминување на стоките) беше удвоен од 35% на 75% при истовремено зголемување на бројот на откриени неправилности и дополнителната наплата на царински и други давачки.

Традиционално, на денот на Царината беше искажана благодарност на институции и поединци кои со својата работа дадоа придонес за успешната работа на Царинската управа и поддршка на реформите во царинското работење. Од името на Царинската управа, директорот Радеска Крстевска додели 2 плакети и 10 пофалници

Во рамки на годинашното одбележување на царинскиот празник успешно беше организирана крводарителска акција на која својата хуманост ја покажаа над 150 царински службеници.