Рускиот „Билтен за туризам и култура“ пишува за Охрид

Промотивните активности на општина Охрид за позиционирање на Градот на мапата на атрактивни туристички дестинации беа проследни и од рускиот Билтен за туризам и култура. Пишувајќи за убавините на Охрид и осврнувајќи се на традицијата, културата и историјата интернет сајтот “Ведомости туризма и культуры” успешно ја доловува вистинската понуда за посетителите.

(Линк до веб страницата)

Маркетинг кампањата која Општина Охрид континуирано ја реализир резултира со објави, репортажи и натписи во над 200 светски реномирани медиуми, телевизиски куќи, магазини, портали и сл.