СДСМ со соопштение до јавноста, во кое се вели:
„Неопходен е здрав разум! Парламентот и Горге Иванов се должни да ја испочитуваат и спроведат мнозинската волја на 700 илјади граѓани преточена во 67 пратенички мандати и да овозможат избор на нов собраниски претседател и нова Влада, без одложување!
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција.
Груевски не смее да се заканува со насилство во обид за спас од одговорност за направените криминали со неговите неколкумина соработници.
Вработените во институциите мора да знаат дека заканите од ваков вид на кои што наведува Груевски се противуставни и казниви со закон бидејки се против државните интереси на граѓаните и Р.Македонија.
Никој не смее да ја попречи волјата на мнозинството граѓани кои формираа парламентарно мнозинство со обврска да формира Влада.
Граѓаните ги чекаат промените од Програмата на новата реформска Влада и недозволиво е да се блокира целата држава поради криминални нафтени платформи на двајца братучеди!
Мирниот трансфер на власта е највисок државен интерес за Република Македонија и институциите се должни да овозможат спроведување на демократските процеси.
Многу брзо ќе биде избран новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада на граѓаните согласно Деловникот, Уставот и законите во Р.Македонија.“– стои во соопштението.