Средба на градоначалникот Бакрачески со претставници од втората Крагуевачка Гимназија

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше средба со претставници на Втората крагуевачка гимназија,чии ученици беа на четидневен престој во Охрид. На средбата гостите изразија воодушевеност од убавините и културно- историските знаменитости на Охрид и од соработката со збратимената гимназија „Св. Климент Охридски“.

Градоначалникот Бакрачески изрази благодарност за посетата и уверување дека долгогодишната плодна соработка со збратимениот град Крагуевац од Република Србија, во иднина ќе се развива и продлабочува во повеќе области.