Ротаракт клубот од Охрид, во соработка со ученичката заедница при ОУ „Христо Узунов” од Охрид, изработи декоративни и креативни Велигденски јајца, украси и цртежи, кои денес заедно со неколку ученици им беа подарени на болните и изнемоштени лица во одделението за Геријатрија при Општата Болница во Охрид.
По делењето на јајцата и декоративните подароци, присутните ученици под раководство на учителката, Гордана Велјаноска, изведоа и Велигденски рецитал, со што измамија насмевки и воодушевувања, и ги згреаја срцата на овие стари луѓе, кои празникот ќе го поминат тука.