Утре ќе биде реализирана вежба „Гаснење пожар на брод и спасување давеници од вода“

Практична вежба „Гаснење пожар на брод и спасување давеници од вода“ ќе биде реализирана утре (25 јуни) во 12:00 часот на кеј „Македонија“, кај старото пристаниште.

Предвидените активности од практичната вежба се организирани од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а ќе ја реализираат претставници од Единицата за специјални задачи, СВР Охрид, езерската полиција, Капетанија на пристаништа, Територијалната против-пожарна единица Охрид, Општинскиот црвен крст-Охрид како и медицински екипи на Брза помош-Охрид.

Целта на показната вежба е координација и меѓусебна соработка на стручните служби во спасување на загрозени лица и пловни објекти и заедничко настапување во непредвидливи ситуации и настани поврзани со настрадани лица во несреќи на вода и копно.