Велигденска честитка од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до своите сограѓани од православна вероисповед. Во честитката стои:

„Празникот кога се разгласува веста за Христовото воскресение симболизира радост, утеха и поука за верниците. Животворен празник кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Надеж за подобар свет, за подобро утре. Токму поради тоа Спокојот, мирот и хармонијата нека го обележат денешниот ден и нека заживеат во сите домови. Да ги споделиме овие празнични мигови со нашите најблиски, со нашите роднини, соседи и пријатели. Овие вредности треба да се водилка и одлика на работењето и дејствувањето на сите во нашето општество. Христос Воскресна!“– стои во честитката.