Aктивирање на електронската апликација за нарачка на учебници за учебната 2017/2018 година

Министерството за образование и наука информира дека електронската апликација за обезбедување на учебници за основните и средните училишта ќе биде активна од 19.04.2017 до 19.05.2017 година.

„Ве замолуваме во дадениот рок да ја пополните апликацијата и печатената верзија од истата со печат и потпис да ја доставите до Педагошката служба (ул.“Св.Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје)“ – информираат од МОН.

ucebnici.mon.gov.mk