Врз основа на член 85 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија” бр. 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16) и член 67 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија” бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16), а согласно член 3 и 6 од Правилникот за начинот и постапката при полагање на стручен испит на учител, наставник, стручен работник и воспитувач во основното училиште („Службен весник на Република Македонија” бр.27/96), како и член 3 и 6 од Правилникот за условите и начинот на полагање на стручниот испит на наставниците и стручните соработници во јавните средни училишта („Службен весник на Република Македонија” бр.27/96), приправниците во основните и средните училишта кои го завршиле приправничкиот стаж и ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит, треба да достават Пријава за полагање на стручниот испит почнувајќи од 19 април 2017 година (среда), а најдоцна до 28 април 2017 година (петок),со која ја поднесуваат и следната документација:
1.Уверение за завршен приправнички стаж во училиште во траење од една година во кое ќе биде наведен рокот во кој се одвивал приправничкиот стаж, заверено со архивски број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж.
2.Мислење од менторот за работата на приправникот во текот на приправничкиот стаж, заверено со архивски број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж.
3.Мислење од највисокиот стручен орган на училиштето во кое е вработен приправникот за неговата воспитно-образовна работа, заверено со архивски број на училиштето во кое се одвивал приправничкиот стаж.
4.Извештај од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија за остварен работен стаж на приправникот од една календарска година.
5.Домашна писмена работа (во два примерока). Избраната тема за изработка на домашната писмена работа приправникот треба да ја истражи и разработи од аспект на нејзината практична применливост во непосредната наставна работа во потесното стручно подрачје на приправникот. За приправниците во основните и јавните средни училишта кои наставата ја изведуваат на јазиците на заедниците, еден примерок од домашната писмена работа да достават на јазикот на соодветната заедница и еден примерок на македонски јазик.
6.Копија од Диплома или Уверение за завршено соодветно образование. (не треба да е заверена на нотар).
7.Копија од Уверение за здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка здобиено на акредитиран универзитет (само за приправници на кои им е потребна наведената подготовкасогласно нормативот за наставен кадар од наставната програма). (не треба да е заверено на нотар).
8.Примерок од уплатницата за уплатените средства за полагање на стручен испит (уплатница во оригинал).
Училиштето во кое работи приправникот да направи проверка по кој пат (прв, втор и т.н.) полага приправникот и истото да го нагласи во мислењето од наставничкиот совет.
Исто така, во пријавата за полагање на стручен испит приправниците од основните училишта да го наведат одделението, а приправниците од средните училишта да ја наведат годината и струката во која изведуваат настава.
НА ПРИЈАВАТА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ НАВЕДЕ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ И Е-МАИЛ АДРЕСА НА ПРИПРАВНИКОТ.
Кандидатите за полагање на приправнички испит вработени во основно училиште уплаќаат средства во висина од 1.600,00 (илјада и шестотини) денари на уплатница пополнета на следниот начин:
– Цел на дознака:Уплата за стручен испит на приправници во основно образование;
– Назив на примач:Буџет на Република Македонија;
– Банка на примач:Народна банка на Република Македонија;
– Трансакциска сметка:100000000063095;
– Сметка на буџетски корисник: 1600100329-787-60;
– Приходна шифра: 723013и
– Програма 20.
Кандидатите за полагање на приправнички испит вработени во средно училиште уплаќаат средства во висина од 1.600,00 (илјада и шестотини) денари на уплатница пополнета на следниот начин:
– Цел на дознака:Уплата за стручен испит на приправници во средно образование;
– Назив на примач:Буџет на Република Македонија;
– Банка на примач:Народна банка на Република Македонија;
– Трансакциска сметка:100000000063095;
– Сметка на буџетски корисник: 1600100329-787-60;
– Приходна шифра: 723013и
– Програма 30.
9.Согласно член 85 став 12 и 13 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија” бр. 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16) и член 67 став 12 и 13 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија” бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16), a по поднесувањето на документацијата, кандидатите кои ги исполнуваат условитепред полагањеto на стручниот испит, се упатуваат на полагање на тест на личност, односно процена на карактеристиките, за што е потребно е да уплатат средства во висина од 3.000,00 (три илјади) денари на уплатница пополнета на следниот начин:
– Цел на дознака: Полагање Тест на карактеристиките на личноста, пролетна сесија 2017 година;
– Назив на примач:„ФЛУЕНТ“ Ќ.К.Т;
– Банка на примач: Халк Банк;
– Трансакциска сметка: 270068413250167
За лицата кои:
– не ги исполнуваат условите за наставници,
– немаат навршено една година приправнички стаж, или
-не реализирале наставна програма согласно нормативот за наставен кадар, не треба да се доставува документација за полагање на стручен испит.
Пријавата со комплетна документација се доставува до Министерството за образование и наука, ул.“Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.