Светли четврток

Православните христијани денес го празнуваат Светли четврток. По тој повод архиерејска литургија ќе има во црквата „Св. Јован Богослов“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9:00 часот.

Утре, Источен петок- Балаклија, архиерејска литургија ќе има во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 08:30 часот. На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

WebOhrid