Почитувани граѓани, членови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, симптизери, активисти, поддржувачи,
Нашата определба за демократските вредности, 26 години е столб на нашата заедничка држава Република Македонија.
Нашата сила е заедничката надеж дека е можен напредок, подготвеноста да бидеме подобри денес од вчера, одлучноста да ги споиме различностите кои се наша предност, а не слабост.
Ќе успееме во промените затоа што веруваме во нив, затоа што знаеме кон што се движиме и затоа што сме искрени во нашата цел да овозможиме живот за сите во Република Македонија.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија 26 години е и ќе биде државотворна партија посветена на заедничкото добро. Нека ни е честит роденденот!