Ден на планетата Земја

Денот на планетата Земја се одбележува за да не потсети сите нас дека Земјата и нејзините екосистеми ни обезбедуваат храна и живот.

Овој ден дава можност за да се подигне јавната свест во целиот свет кон предизвиците во однос на благосостојбата на планетата и сите облици на живот кои ги поддржува. Исто така, укажува на колективна одговорност, за да се промовира хармонија со природата и Земјата, да се постигне рамнотежа меѓу економските, социјалните и еколошките потреби на сегашните и идните генерации на човештвото.

Темата за оваа година е: „Писменост за животна средина и клима“.

Образованието е основа за напредок. Ние треба да изградиме глобално граѓанство со одлично познавање на концептите на климатските промени и да бидеме свесни за заканите за нашата планета. Ние треба да ги поттикнеме сите со знаењето, да инспирираме акција за заштита и одбрана на животната средина.

WebOhrid