Светски ден на книгата и авторските права

23 април е симболичен датум за светската книжевност, бидејќи токму на 23 април 1616 починале Сервантес, но и Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега. 23 април е исто така е датумот на раѓање или на умирање и на други угледни автори како Маурис Друон, К. Лакснес, Владимир Набоков, Јосеп Пла и Мануел Мехиа Валехо.

Тоа беше природен избор за УНЕСКО на Генералната конференција одржана во Париз во 1995 година, на овој датум да им оддаде почит на книгите и авторите од целиот свет, поттикнувајќи ги сите, а особено младите луѓе, да го откријат задоволството на читањето и да добијат обновено почитување за незаменливиот придонес на оние, кои го забрзаа социјалниот и културниот напредок на човештвото. Имајќи го ова на ум, УНЕСКО го создаде Светскиот ден на книгата и авторските права.

Секоја година, УНЕСКО и меѓународните организации кои ги претставуваат трите главни сектори на индустријата за книги – издавачи, книжарници и библиотеки, избираат Светски главен град на книгата за период од една година, на 23 април секоја година. Комитетот за избор, оваа година го издвои Конакри – Гвинеја,  за „квалитетот и разновидноста на својата програма, а особено нејзиниот фокус на вклученоста на заедницата“, како и за „својот добро-структуриран буџет и јасни цели за развој, со силен акцент на младите и писменоста“.

WebOhrid