ПС Струга поднесе кривична пријава против Б.П. (27) од с. Добовјани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 18.01.2017 година во 22.30 часот во Струга, од страна на полициски службеници извршена е контрола на патничко возило управувано од пријавениот. При извршен преглед над пријавениот пронајдени и одземени се 0,33 грама марихуана и 0,45 грама мешавина од тутун и марихуана.