Кривична пријава за жител од с.Добовјани кај кого била пронајдена дрога

ПС Струга поднесе кривична пријава против Б.П. (27) од с. Добовјани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 18.01.2017 година во 22.30 часот во Струга, од страна на полициски службеници извршена е контрола на патничко возило управувано од пријавениот. При извршен преглед над пријавениот пронајдени и одземени се 0,33 грама марихуана и 0,45 грама мешавина од тутун и марихуана.