Утре ќе се собираат потписи за законски измени за олеснување на животот на лицата со пречки во развојот

Здружението на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици“, ги информира граѓаните, дека во Охрид ќе биде отворен пункт на кој ќе се собираат потписи за поддршка на иницијативата за законски измени со кои треба да им се олесни животот на лицата со пречки во развојот.

Пунктот ќе биде отворен утре (26 април) со почеток од 10:00 часот, на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“.

WebOhrid