СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Т. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси”. На 12.10.2016 година во Охрид извршен бил претрес во дом и помошни простории каде што живее пријавениот и притоа биле пронајдени и одземени едно растение „Канабис“ со корен, засадено во саксија, три скршени делови од стебло „Канабис“ засадено во саксија, седум листови од растение „Канабис“ и 0,37 грама марихуана.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 27.06.2016 година во 23.00 часот во Охрид, пред влезот на зграда, бил забележан пријавениот како од тревнатиот дел вади најлонска кеса. По преземени мерки за преглед над Х.Б., истиот во непосредна близина исфрлил најлонска кеса со 55,80 грама марихуана.