Александар Николоски прогласен за почесен член на групата на Народните партии во ПССЕ

Најголемата политичка група при Парламентарното собрание на Советот на Европа, групата на Народните партии, го прогласи Алекснадар Николоски до недоамна пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен претседател на македонската парламентарна делегација во паневропската асамблеја за нејзини почесен член.

Церемонијата на прогласувањето на почесното членство се одржа на маргините на пролетната сесија на ПССЕ, која се одржува во Стразбур.

Оваа одлука на групата на Народните партии се должи на деветгодишниот ангажман на Алексанадр Николоски во групата и ПССЕ, каде извршуваше повеќе функции, како потпретседател на ПССЕ, прв потпретседател на Мониторинг комисијата и прв потпретседатрел на Комисијата за политички прашања.