Ќе се одбележат 73 години од битката кај Српница

ИНФОРМАЦИЈА

Општинската организација на СБ од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца по повод 73 годишнината од битката кај Српница , на 28 Април 2017 година (петок ), ќе го одбележи овој значаен датум со следната

П Р О Г Р А М А

10:00 ч – Полагање на цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во село Лешани

10:30 ч – Полагање на цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ на споменикот во Српница

За значењето на овој настан пригодно обраќање ќе има: Гоце Георгиески – претседател на ОО на СБ за Охрид и Дебрца.

Со намера да ги ослободат комуникациите за врска со армиската Е група германските и бугарските окупаторски војски заедно со балистичките формации против единиците на НОВ И ПОМ ја презедоа Пролетната офанзива што трае ќе од 24 Април до 19 Јуни 1944 година.

Во рамките на ова офанзива при крајот на Април Првата-Македонско-Косовска-Ударна бригада го отпочнала походот од Егејска Македонија кон Дебрца за да ја поврати слободната територија Дебрца и го ослободи сопствениот народ од невидениот терор. Се до 8 Мај Бригадата водела офанзивни борби, посебно кај селата Завој, Велмеј, Лешани , Брежани – во месноста Српница, Слатино, Оздолени, Цер, Арбиново, Лактиње и други.

Во борбата на бригадата при пробивот на бугарскиот непријателски обрач на 29 Април 1944 година во месноста Српница животите ги положија 13 борци, кои со своите млади животи и пролеана крв се втемелија во создавањето на првата слободна македонска држава.