Охриѓанката Тања Стојановска повторно избрана во најдобриот тим

Тања Стојановска од Охрид, која е студентка на Медицинскиот факултет и стипендист на Универзитетот од Бафало, држава Њујорк, играјќи на првата позиција за својот Универзитет е повторно избрана во најдобриот тим на нејзината MAK конференција (Mid American Conference) од Првата NCAA Универзитетска лига. Ова е трета година по ред како влегува во најдобриот тим на крајот на годината, и е единствена од тој тим која успеала во тоа.

Викендов, нејзиниот Универзитет игра на завршниот плејоф турнир, на кој учествуваат најдобрите Универзитети од МАК конференцијата.

Повеќе информации и слики можете да најдете на линковите наведени подолу:

http://www.ubbulls.com/sports/wten/2016-17/releases/20170426mow4su

http://mac-sports.com/news/2017/4/26/WTEN_0426175630.aspx