Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во Ново Село и Оровник, каде изврши увид врз градежните активности што се одвиваат во селата, кои претставуваат дел од планираните инфраструктурни зафати во делот на подобрувањето на патната инфраструктура во Општина Дебрца, односно во селата се врши асфалтирање на неколку улички кои се поврзуваат кон локалната патна инфраструктура во селото.
Во Ново Село станува збор за асфалтирање на главната улица која води кон селото која е со ширина од 3,5 метри и должина од 280 метри, каде што се врадени 980 метри квадратни асфалт. Во село Оровник се врши асфалтирање на три локални улички со ширина од 2,5 метри, во вкупна должина од 340 метри, каде што ќе се вгради 850 метри квадратни асфалт. Со завршување на асфалтирањето во Оровник, градежните активности ќе продолжат во селото Требеништа каде што ќе биде асфалтирана една локална уличка во селото со ширина од 2,5 метри, со должина од 150 метри, каде што ќе се вгради 375 метри квадратни асфалт. Вкупната вредност на реализираните градежни активности изнесуваат околу 1,8 милиони денари.
Градоначалникот Трајкоски при увидот рече дека ова се дел од инфраструктурните зафати во делот на подобрувањето на патната инфраструктура во општината, и истакна дека и понатаму се продолжува со напорите за подобрување на животот на жителите на целата територија на Општина Дебрца.