Министерство за внатрешни работи информира дека безбедносната состојба во централното градско подрачје, околу и во собранието е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. Поради претходната севкупна безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземе дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба. До 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми септември, Градска болница Св Климент Охридски и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници. Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица. Во моментов во Собрание на Р. Македонија нема повеќе граѓани, а граѓаните кои протестираа се надвор oд собранието.