Одиграна плеј-оф и плеј-аут фаза од футсал лигата за основни училишта

Вчера во рамките на училишните спортски лиги за основни и средни училишта, Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид се организира плеј–оф и плеј–аут фазите од лигата футсал во спортска сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во која учествуваа учениците од VI и VII одделение во машка конкуренција. Во плеј- аут фазата од лигата во футсал се постигнаа следните резултати:

ОУ „Св.Наум Охридски “ Пештани – ОУ„Кочо Рацин “ 4:0
ОУ„Св.Климент Охридски “-ОУ„Братство Единство “ 4:3
Во плеј- оф фазата од лигата во фурсал се постигнаа следните резултати :
ОУ„Григор Прличев “-ОУ„Живко Чинго“ –Велгошти 3:1
ОУ„Христо Узунов“-ОУ„Ванчо Николески “-Лескоец 3:0

Во текот на изминатиот период остварена е средба и договорена за соработка да се вклучат во лигата лица со посебни потреби и хендикеп. Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со натпревари во шах и пинг понг за лица со посебни потреби и хендикеп и натпревари во пинг понг за учениците од женска и машка конкуренција во основни училишта.