Доделувањето на државната награда „Гоце Делчев“ ќе се одржи во МАНУ

Министерството за образование и наука информира дека доделувањето на државната награда „Гоце Делчев“ за 2017 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката, ќе се одржи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите на 4 мај 2017 година во 12:00 часот.