Женскиот тениски тим на Универзитетот од Бафало, за кој на првата позиција игра Тања Стојановска, победи на финалниот турнир на МАК конференцијата (Mid American Conference) од Првата NCAA Универзитетска лига, со што се стекна со право да оди на завршниот NCAA турнир за најдобрите Универзитети од САД на 12 и 13 Мај. Тимот инаку имаше серија од 8 последователни победи во конференциската лига и на завршниот плеј-оф турнир.
Тања Стојановска беше избрана за МВП на завршниот турнир на МАК конференцијата, како и за спортист на неделата на нејзиниот Универзитет, бидејќи победи во сите дубл мечеви, а исто така го освои и одлучувачкиот меч во трет сет со 6:2 во финалето на Конференцијата.