Вчера околу 06:00 часот во Охрид на ул. „Стив Наумов“, во сопствената плевна, З.Ќ. од Охрид затекнал две непознати лица (најверојатно од Сирија) како спијат.
Во тој момент едно од лицата му се заканило со пиштол и со пластични врвки му ги врзале рацете. Откако го заврзале му одзеле приврзок со клучеви, велосипед и еден дуксер, по што побегнале во непознат правец. З.Ќ. бил пронајден во 07:15 часот. Истиот не е повреден.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.