Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Покрај тековните активности во градот, ЈП „Охридски Комуналец” овие денови своите активности ги прошири и во околните населени места. Се расчистува отпадот, се косат тревнати јавни површини покрај улиците и тротоарите и се сечат грмушките и капините, поради зголемена прегледност за возилата и слободно движење на пешаците.

Со оваа акција се опфати с.Велгошти, каде што се работеше 2 дена, денес екипите се во с. Лескоец, а во текот на утрешниот ден се продолжува во с. Косел. Со акцијата ќе се продолжи во сабота во Пештани, а во текот на наредната недела ке бидат опфатени с.горно и долно Лакочереј, с.Подмоље и другите околни места.