Кривична пријава за кичевчанец кој поседувал нелегално оружје

ПС Кичево поднесе кривична пријава против С.К. (32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 10.02.2017 година во 23.30 часот во возило, кое го управувал пријавениот, била пронајдена ловна пушка марка „Црвена Застава“ калибар 16 милиметри што недозволена ја поседувал. Пушката, заедно со два ловни патрони со ист калибар, биле пронајдени при заедничка контрола на полициски службеници и ловочуварската служба од ловното друштво „ЕЛЕН“ од Кичево. Пронајдените предмети биле одземени и доставени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, каде е констатирано дека оружјето и муницијата се во исправна состојба со кои може да се изврши испалување.