Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МОН и УЈИЕ

Денес, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, министерот за образование и наука, Пиштар Љутфиу и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Замир Дика, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Министерството за образование и наука и Универзитетот на Југоисточна Европа пронајдоа области од заеднички интерес и желба за понатамошно продлабочување на заеднички цели во обезбедување на постдипломско образование, при што Министерството ја потврдува својата подготвеност за поддршка преку стипендирање на примените студенти на заедничката програма по Европски Студии во соработка со Универзитетот на Љубљана, односно Факултетот за Општествени Науки во областа на Европските Студии.

По повод потпишувањето на меморандумот за соработка, Универзитетот на Југоисточна Европа потпиша и со министерството на Република Косово на која присуствуваше и министерот за образование г-дин Арсим Бајрами.

Министерот Лутфиу истакна дека соработката во иднина ќе даде свои плодови, имајќи предвид дека Универзитетот е лидер во регионот, особено кога станува збор за Европски студии.

„Македонија и регионот претендираат да се дел на Европската унија, образовните институции се оние кои промовираат европски вредности односно на студентите преку сличните програми им овозможуваат постигнување на своите цели“, рече министерот Лутфиу.