Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација за ДУП за ГП 1 на КП 10426/1 во УЗ 10, дел од УБ 10.2

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) односно член 123 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр.19-1893/ од 28.04.2017 год. Градоначалникот на општина Охрид дава

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГП 1 НА КП 10426/1 ВО УЗ 10, ДЕЛ ОД УБ 10.2, КО ОХРИД 2,

ОПШТИНА ОХРИД

НАЦРТ ПЛАН 2015-2020

1. Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за ГП 1 на КП 10426/1 во УЗ 10, дел од УБ 10.2, КО Охрид 2, општина Охрид е опфат со површина од 312,97 м2 односно 0,03 ха и тоа во граници на:
– на север ја тангира ул.”Марко Нестороски” т.е. сервисна улица “Се 10.1”.

– на исток се граничи со соседните КП 10396 и КП 10397.
– на југ се граничи со КП 10426/2.
– на запад се граничи со КП 10423 и КП 10399.

2. Јавната анкета ќе трае од 05.05.2017 – 15.05.2017 год.

3. Јавната презентација ќе се одржи во Големата сала на општина Охрид на ден 11.05.2017 год (четврток) со почеток во 12.00 часот.

4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред Големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид.

6. Сите заинтересирани физички и правни лица, како и субјектите од членот 29 на горе цитираниот Закон за просторно и урбанистичко планирање можат да достават забелешки и предлози по нацртот на планот на анкетни листови додека трае јавната анкета до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.