Во организација на извидничкиот езерски одред „Пионер“ денес се реализираа едукативно забавните „Училишни игри без граници“, наменети за учениците од II до IX одделение од ОУ „Дебрца“.
Начинот на натпреварување е куп систем каде што секоја екипа се натпреварува со друга врсничка екипа, а понатаму продолжува само најдобро бодуваната екипа. Најдобрите екипи ќе се натпреваруваат со екипи од други училишта и така се додека не се дојде до победниците.
„Основна цел на ваквите игри е дружењето и стекнувањето на нови пријателства, стекнување на доверба помеѓу учесниците и јакнењето на тимската работа, развивање на натпреварувачкиот дух меѓу децата и откривање на одредени вештини кои што до тогаш немале прилика да ги покажат и презентираат, создавање на почетни лидери, предводници на екипите, јакнење на организациските способности“, – појаснуваат од извидничкиот езерски одред „Пионер“.