Промовирана книгата „Европската идеја од Карло Велики до Европска Унија“

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, денеска присуствуваше на промоција на книгата „Европската идеја од Карло Велики до Европска Унија“ на авторите проф. Радован Вукадиновиќ и проф. Лидија Вукадиновиќ, во организација на Институтот за Меѓународни и Политички Студии во Скопје.

Оригиналната книга е издадена во 2016 година во Подгорица – Црна Гора, а оваа година на албански јазик го издаде Институтот за Меѓународни и Политички Студии во Скопје. Оваа книга содржи четири поглавја и се дискутира за вчерашните и денешните Европски дилеми, од составот на Европа, европската интеграција до посилната и пошироката унија.

Во оваа прилика министерот Лутфиу во името на Институтот имаше чест на професорот Вукадиновиќ да му додели пофалница за придонесот, имајќи ги во предвид активностите на професорот во регионот и пошироко со промовирање на евро -атлантските вредности.

Министерот Лутфиу, исто така, го поздрави придонесот на Институтот за политички и меѓународни студии и на директорот, проф. д-р Илбер Села, кои традиционално го организираат одбележувањето на „Европските денови“, односно институтот е еден од најактивните учесници на граѓанското општество со промовирање на европските вредности.

Проф. д-р Радован Вукадиновиќ е еден од најпознатите личности на хрватската книжевност и еден од најдобрите познавачи на прашањата во регионот и пошироко.