На 46-от Општински натпревар по прва помош кој во организација на Црвен крст Охрид, денес се одржа во Охрид, во конкуренција од 13 екипи во категорија подмладок и младина, најуспешна во категорија подмладок беше екипата од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид.
Во категоријата младина првото место и право на учество на Државниот натпревар по прва помош, го освои екипата на ОСУ „Св.Климент Охридски“-Гимназија.
Од Црвен Крст Охрид изразуваат благодарност до сите кои ја помогнаа реализацијата на оваа активност.