Под мотото „Биди херој, укажи прва помош“ во организација на Црвениот крст Охрид, учениците од ОУ„ Христо Узунов“ го освоија првото место. Натпреварот се одржа на градскиот плоштад каде што учениците ги презентираа стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош.
Под менторство на професорот Владо Андрески учениците: Калина Најдеска, Ангела Крстаноска, Ивона Содороска, Емилија Мојсоска, Кристина Попоска и Дарко Василоски во категоријата подмладок најдобро се снајдоа и заслужено го освоија првото место.