Јуниорката од Стрелачкиот клуб „Охрид“ Мартина Петровска е нов Државен првак на Македонија во гаѓање со воздушна пушка. Таа со резултат од 402,5 круга ја зацврсти својата прва позиција во категорија на јуниорки, како и на Куповите, така и на ова Државно првенство, а со тоа си обезбеди сигурно место во ререзентацијата.
Второпласирана во истата категорија со резултат од 397,3 кругови е младата јуниорка Анастасија Мојсовска од СК „Охрид“, која во досегашните Купови се наоѓа на третата позиција, но со овој успех секако се искачи на едно скалило погоре и ова ќе и го загарантира местото во репрезентацијата.
За жал досега второпласираната јуниорка на Куповите – Јана Маркоска, не успеа да го повтори минатонеделниот успех од Бугарија и да избори пласман меѓу првите три на ова првенство. Таа со резултат од 395,5 кругови овој пат се најде на 4-тата позиција.
На седмата позиција во јуниорска категорија заврши младата Јована Милевска, која повторно постави свој нов личен рекорд од 376.4 кругови.
Уште еден неочекуван успех на Ангела Алексовска, која после речиси две години пауза повторно ги бранеше боите на клубот, па со резултат од 382,4 круга таа се пласира на третата позиција во категорија на сениорки.
Останува да видиме дали јуниорките од СК „Охрид“ после ваквите резултати ќе бидат пријавени во екипна конкуренција на претстојното Светско првенство, што треба да се одржи од 22-29.06. 2017 во Сул, Германијa.