Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети”, полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против Џ.Д.(69) и Л.М.(40), двајцата од струшкото село Радолишта. Пријавените, оштетувањето го извршиле на 12-ти декември минатата година на сеуште неистражено место што е составен дел од ранохристијанската базилика во струшкото село Радолишта кое претставува прогласен споменик на културата и заведен во Централен регистар на споменици на културата на Република Македонија под надлежност на „Завој и музеј“ на град Охрид. Оштетувањето на местото во состав на Базиликата е извршено кога пријавените вршеле ископ со механизација,поради тампонирање на постојниот локален пат од селото Радолишта до магистралниот пат Струга–Ќафасан. Со ископот, неовластено бил опфатен сеуште неистражениот дел кој се наоѓал северно од ранохристијанска – базилика.