Велгоштани повторно успешни на Регионалниот натпревар за хорски смотри

Вчера во ОУ „Христо Узунов“ се одржаа Регионалните хорски смотри со хорови од Охрид, Струга, Кичево и Дебар. ОУ „Живко Чинго“ во првата дисиплина (натпревар во хорови) освои второ место. Во втората диспиплина (најдобар глас-солист) учениците ги освоија следните места:

Билјана Буџакоска-IX одделение (најдобар глас-солист) го освои првото место

Ангела Китрозоска-IV одделение (најдобар глас-солист) го освои прво место

и дуетот Андреа Цацаноска и Виктор Ѓоршески-VI одделение (најдобар глас) освоија прво место.

Сето ова беше предводено под диригентска и менторска палка на наставничката Оливера Петковска.

Директорот им го честита успехот најпрвин на менторот Оливера Петковска, а секако и на хористите и солистите и им посакува понатамошни успеси на на секое поле.