НК за КР Струга поднесе кривична пријава против Б.Б. (37) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 13.02.2017 година на ул. „Боро Хаџиески Путе“ во Струга извршен бил преглед над пријавениот и во џебот од пантолоните било пронајдено и одземено едно пакување со 0,46 грама марихуана. Во разговорот Б.Б. кажал дека марихуаната ја добил од лице без паричен надомест.