Кривична пријава за жител од Радолишта поради кражба на дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (38) од струшкото село Радолишта.

Пријавениот, во периодот од 21-ви април до први мај оваа година, од месноста „Мартинов кутел“ во атарот на селото Вишни, противправно одзел околу 30 метри просторни огревно дрво даб и бука, исечени и наместени за дотур.