ОУ „Христо Узунов“ домаќин на 41-от Републички натпревар по физика

Во ОУ „Христо Узунов“ Охрид, на 13.05.2017 година ќе се одржи 41-от Републички натпревар по физика за учениците од основните училишта.

ПРОГРАМА ЗА 41-от РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

(Сабота, 13 мај 2017 година, ОУ„Христо Узунов“-Охрид )

9.00 – 9.20 Пристигнување на натпреварувачите и менторите

9.20 – 9.30 Свечена програма (настап на хорот при ОУ „Христо Узунов“ – Охрид)

9.30 – 9.45 Поздравно обраќање во име на домаќинот на натпреварот, директорот на ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, м-р Тони Симоновски

Поздравно обраќање на претставник од ДФРМ

Поздравно обраќање на претставник од општина Охрид

9.45 – 10.00 Сместување на натпреварувачите во училници

10.00 – 10.15 Секој натпреварувач добива тетратка со прикачен коверт и лист со задачи

10.15 – 12.15 (за учениците) Решавање на задачи

10.00 – 10.20 (за наставниците) Освежување, појадок и промоција на две збирки по физика (за осмо и деветто одд.),

проф. д-р Мимоза Ристова

10.20 – 12.20 (за наставниците) Организирана посета на Музејот на вода – Залив на коските

12.15 – 16.00 (за учениците и менторите) Ручек и разгледување на градот, (за Комисијата) Прегледување на тетратките

16.00* Соопштување на првични резултати (само бодови според шифра)

16.00 – 17.00* Примање на приговори

17.30* Објавување на листа со конечни резултати (име и презиме, училиште, ментор, бодови, награда)

18.00* Свечено доделување на награди и дипломи на најуспешните ученици и ментори

*Зависно од работата на Комисијата, може да има поместување (доцнење) на овие термини/временски интервали.

Учениците кои ќе заминат порано може да поднесат приговори и по електронски пат на fizikanatprevari@gmail.com

ДФРМ

ВОДИЧ ЗА НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ

Пред почеток на натпреварот

• Бидете на местото на одржување на натпреварот, најмалку 30 минути пред почеток на натпреварот
• На тетратката и на ковертот ја запишувате само вашата шифра и одделение (осмо или девето)
• Вашата шифра содржи најмногу 6 знаци (букви и бројки), буквите испишани на кирилично писмо
• На ливчето што е во ковертот ги запишувате сите податоци, ливчето го враќате во ковертот и истиот го затворате

На ливчето пишувајте читко со печатни букви. Овие податоци се потребни за Вашите дипломи и дипломите на менторите

Поднесување на приговор

• Доколку сметате дека треба да поднесете приговор, добро проучете ги решенијата на задачите кои после 12.00 часот ќе бидат објавени на видно место

• На ливчето за приговори ги запишувате потребните податоци (шифра, оддление, задача/задачи за која се приговара и кратко

објаснување за причината за приговарање) и истото го ставате во кутијата за приговори

• Приговори со непотполни информации не се разгледуваат
• За неосновани приговори не се доделуваат бодови

• Приговорите по електронска пошта може да се поднесат најдоцна 48 часа по објавување на резултатите од натпреварот на веб

страната на ДФРМ (www.dfrm.org). Приговорите се доставуваат до Државната комисија (fizikanatprevari@gmail.com)