СДСМ со соопштение до медиумите, во кое се вели:
„Граѓаните ја одбранија правната држава со тоа што гласаа за демократските промени што веќе се случуваат.
Тие промени носат и нова реформска Влада којашто ќе обезбеди независно судство преку резибор на судии по најдобрите европски пракси.
Никола Груевски наместо да ги лаже и загрижува чесните судии кои ќе бидат ослободени од притисоците на фамилијата, нека се посвети на својата одбрана. Сваровски судството завршува.
Во Македонија правото ќе важи подеднакво за сите.“ – стои во соопштението.