Прекин во водоснабдувањето на повеќе охридски улици поради нов приклучок

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради изведба на нов водоводен приклучок на ул. „Вардар“, ќе има прекин во водоснабдувањето на оваа улица како и на дел од улиците „Гоце Делчев“ (од Дрвара кон центар), Македонски Просветители (од фонтана чинар кон поранешен 1-ви Мај), Градски Пазар и дел од улиците Абас Емин, Стив Наумов и Кирил и Методи.

Прекинот ќе биде во период од 08:30 часот  до 14:00 часот.