Светскиот ден на миграторните (преселните) птици беше инициран во 2006 година и е годишна кампања за подигање на свеста истакнувајќи ја потребата за заштита на миграторните птици и нивните живеалишта. Тоа е заеднички организирано од страна на секретаријатите на Конвенцијата за заштита на миграторните видови диви животни (CMS) и Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици (AEWA) – два меѓународни договори, спроведени од страна на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) и се поголем број на партнери.
Со темата „Нивната иднина е наша иднина – здрава планета за птиците преселници и луѓето“, Светскиот ден на птиците преселници се осврнува кон „Одржлив развој на дивиот свет и луѓето“. Темата за 2017 година е поврзана со целите на ОН за одржлив развој и ја нагласува поврзаноста на луѓето и природата, а конкретно луѓето и птиците преселници, како тие ја делат истата планета и истите ограничени ресурси.
Човечката активност може да има негативно влијание врз миграцијата на птиците, додека пак човештвото се потпира врз птиците на повеќе начини. Кампањата за 2017 година има за цел подигање на свеста за потребата од одржливо управување на природните ресурси, покажувајќи дека заштитата на птиците е исто така од суштинско значење за иднината на човештвото.
WebOhrid