Во периодот од 10-ти до 12-ти мај, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Обединетите Нацииза животна средина (UN Environment) и Програмата за развој на Обединетите нациии (УНДП) традиционално по трети пат организира Состанок на Регионалната мрежа за заштита на животна средина на земјите од Европа и Централна Азија.
На состанокот присуствуваат 60 учесници од државите од регионот на Европа и Централна Азија, претставници на Секретаријатот за заштита на озонската обвивка при Обединетите Нацииза животна средина, Мултилатералниот фонд на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, УНИДО, УНДП, ООН Животна средина и експерти од областа на управување на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка од земјите на ЕУ и пошироко.
Главната тема на состанокот е управувањето со супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка како и воспоставувањето на институционална и правна рамка за адекватна редукција на групата на ХФЦ супстанциите.